Македонија
27. December 2016 - 16:33

ДОМ: Вонредна состојба за спас од загадениот воздух

Прогласување вонредна состојба поради екстремното аерозагадување денеска од Владата побара партијата Демократска обнова за Македонија (ДОМ).

- Податоците за 1.200 смртни случаи и финансиски загуби од 250 милиони евра годишно како резултат на загадениот воздух покажуваат дека се поразителни, истакнуваат од партијата.

Од ДОМ бараат воведување пар-непар возење, по примерот на Париз и Сараево, бесплатен јавен превоз, повеќе автобуси во јавниот превоз и јавен превоз во градови кај што го нема, воведување ефтина дневна тарифа за струја на домаќинствата, затворање на градилиштата, зелена зона за пешаци и велосипедисти во центарот, забрана за возила под Еуро 4 стандард во градскиот сообраќај...

Од партијата  ги повикуваат сите граѓани да се приклучат на утрешниот „Протест за чист воздух и здрави деца!“.