Loading Video...
Кошарка
21. April 2019 - 17:45

Доминација на гостинските екипи

 
 
На трите натпревари во НБА плејофот одиграни синоќа, победи остварија гостинските екипи. 
 
 
Денвер направи „рибрејк“ на теренот на Сан Антонио, совладувајќи ги „Спарси“ со 117-103, со што го израмни резултатот на 2:2 во победи. 
 
Милвоки и Хјустон ги дели само уште една победа од пласман во следната рунда, односно конференциското полуфинале. 
 
 
Најдобриот тим од регуларниот дел на сезоната Милвоки го победи Детроит со 119-103 и ја оствари третата победа во серијата подобар до четири, а до третиот триумф Хјустон стигна на теренот на Јута, каде ги совлада „Џезерите“ со 104-101. 
 
Вечерва со евентуална победа на гостувањето кај Индијана, тимот на Бостон има шанса за стане првиот кој обезбедил пласман во конференциското полуфинале.