Доминиканска Република издаде потерница по пратеник на Европскиот парламент
Правосудните власти на Доминиканската Република издаоа потерница по тројца француски државјани, сите обвинети за помагање при бегството на двајца пилоти од Франција, осудени во Санто Доминго за шверц на дрога.
Еден од тројцата Французи, по кои е изадена меѓународна потерница, е Аимерик Шопрад, пратеникот на десничарскиот блок во Европскиот Парламент.
Пилотите беа уапсени на аеродромот во доминиканскиот туристички центар Пунта Кана, во 2013 година, додека се подготвуваа да полетаат со приватно изнајмен авион, во кој полицијата откри 26 куфери со 680 килограми дрога.
Двајцата пилоти, Паскал Форе и Бруно Одос беа осудени на по 20 години затвор, но се бранеа од слобода додека траеше жалбената постапка.
Во тоа време, тие не ја почитувале забраната за напуштање на Санто Доминго, па прво побегнале на Француските Антили, колонија на Франција во Карибите, а од таму продолжиле за Париз.
Властите во Доминиканска Република тврдат дека европратеникот Шопрад, како и другите двајца, Кристоф Нодин и Пјер Малиновски, по кои е покрената потреницата, го помогнале бегството на пилотите.
Француските медиуми, пишуваа дека двајцата пилоти , порано, работеле за воената морнарица, како и дека имале врски со разузнавачките агенции на Франција.
Во почетокот на овој месец обајцата се уапсени во Лион, но правни експерти објаснуваат дека нема речиси никакви изгледи тие да бидат екстрадирани во Санто Доминго.
Властите во Франција одбиваат да ја коментираат издадената потерница на доминиканските правосудни власти.
Засега нема коментар ниту од Европскиот Парламент.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација