Македонија
15. September 2017 - 14:05

Донирани медицински апарати во Детската клиника во Скопје

Клиниката за детски болести доби автономени спирометри и 10 ултрасонични инхалатори донација од компанијата „Жито Лукс“.

Донацијата е обезбедена од средствата наменети за одбележување на 70 години постоење на компанијата, а употребени согласно потребите на Универзитетската клиника за детски болести. 

Според директорката на Клиниката за детски болести Катерина Ставриќ се поголем број деца пројавуваат различни респираторни проблеми, кои се особено изразени во зимските месеци кога воздухот е позагаден и кога има магла. 

- Клиниката за детски болести има постојана потреба од помош што доаѓа од компании, како оваа од Жито Лукс, донација со големо значење за нас, затоа што, како што и самите сме свесни во последниве години зачестеноста на респираторните заболувања ги надминува нашите капацитети, и човечки а уште повеќе технички и тоа ја зголемува вредноста на оваа донација. Донираната опрема ќе овозможи навремена детекција на ваквите проблеми кај децата и ќе помогне за брз, навремен и ефективен медицински третман, изјави д-р Катерина Ставриќ.

Маја Муратовска Чангова од Жито Лукс потеницра дека компанијата активно работи во делот на општествената одговорност и оти овој пат поради зголемената појава на респираторни инфекции, од кои очигледно најмногу страдаат најмладите, беше одлучувачко да помогнат со обезбедување на медицинската опрема што недостига на Клиниката за детски болести во Скопје.