Спорт плус
10. March 2016 - 16:28

Допинг: Руските спортисти „позитивни“ во сите спортови

Рускиот бијатлонец, Едуард Латипов, „паднал“ на допинг тестот бидејќи го користел лекот мелдониум. Тоа е истиот лек на кој за време на Австралија Опен била позитивна и тенисерката Марија Шарапова. Матичниот сојуз веднаш објави дека Латипов, кој минатат година стана светски шампион во јуниорска конкуренција, бил позитивен на допинг тестот кој му бил направен за време на IBU купот.
 
Едуард Латипов е третиот бијатлонец кој во последниот месец имал позитивен тест на мелдониум, лек кој од 1-ви јануари се наоѓа на листата на забранети суспстанци на Светската антидопинг агенција.
 
Пред Латипов позитивни на мелдониум беа украинските бијатлонци, Олга Абрамова и Артем Тишченко.
 
Меѓународната биатлон федерација привремено ги суспендира овие бијатлонци.