Свет
20. February 2017 - 15:50

Дополнителни 18 милиони евра помош за населението во источна Украина

Европска унија соопшти дека ќе додели дополнителни 18 милиони евра за помош на населението во источна Украина.

- Сите граѓани од двете страни на линијата на разграничување, кои имаат потреба ќе добијат помош. Новиот пакет ќе им дозволи на нашите хуманитарни партнери во источна Украина да ги задоволат потребите за медицинска помош, засолниште, вода и санитарни материјали, изјави европскиот комесар за хуманитарна помош и управување со кризи Христос Стилианидис.

Тој додаде дека луѓето ќе добијат помош на брз, безопасен и безпристрасен начин.