Дополнителни рестрикции за влез во Грција преку Евзони и Какавиа, во Атина продолжен строгиот карантин
Грција дополнително ги зајакнува мерките за заштита од коронавирусот на граничните премини Евзони со Северна Македонија и Какавиа со Албанија, кои ќе работат од 7 до 19 часот, наместо до 23 часот, а дневно ќе биде дозволено да поминат најмногу 400 лица, јави дописничката на МИА од Атина.
Мерките, попладнево ги соопшти заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас, кој рече дека „за да избегне дополнително ширење на вирусот од копнените влезни точки, од понеделник 1 март во 6 часот наутро до понеделник 15 март во 6 часот наутро“, се воведуваат рестрикциите.
На граничните премини, на сите задолжително ќе им се прави рапид тест, вклучително и на возачите на камионите, при позитивен резултат нема да биде дозволен влез, а за сите, останува обврската за потврда за негативен ПЦР тест, но и задолжителен домашен карантин од 14, наместо седум дена како што беше досега.
Паралелно, Хардаљас, соопшти дека строгиот карантин во областа Атика, поширокиот регион на Атина се продолжува за една седмица, односно наместо до 28 февруари ќе трае до 8 март.
Од 11 февруари во грчката престолнина се воведени строги рестрикции и продолжен полициски час за викендите, што почнува од 18 часот, наместо од 21 часот како што е од понеделник до петок.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација