Досегашните мерки даваат резултат, нема потреба од нови рестрикции
Вкупно 1248 пациенти со Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава и слободни кревети има. Сите одделенија на клиничките болници располагаат и со болнички места до кои има довод на кислород. Засега не се размислува за нови рестрикции, бидејќи вака димензионираните мерки постепено ја олабавуваат ситуацијата. Според здравствените власти досегашните мерки даваат резултати и дополнителни рестрикции не би имале некаков позначаен ефект.
Во сите земји во Европа, како што рече министерот за здравство Венко Филипче по вчерашната средба со приелепскиот градоначалник Илија Јованоски, ваква комбинација даде резултат. Во таа смисла, рече тој, како за Прилеп, така и за територијата на целата држава, засега не доаѓа предвид да се воведуваат дополнителни мерки.
Ситуацијата во прилепската болница оцени дека одлично се менаџира со пет ковид-оддели. Тој и прилепскиот градоначалник најавија дека од денеска над 30 матични лекари со тимови ќе почнат да волонтираат и да бидат на помош на исцрпениот медицински персонал во прилепското Инфективно одделение.
Што се однесува до епидемиолошката состојба во Прилеп, градот е во третината градови со благ пораст на новозаразените, но на национално ниво еднаков е бројот на заразените последните недели, а се намалува притисокот врз болниците, и во прилепската, за прегледи. Но ситуацијата се следи со внимателност, поради непредвидливоста на вирусот, како и во светот.
До крајот на годинава четири модуларни болници ќе добијат Куманово, Струмица, Гевгелија и Струга каде ситуацијата е приоритетна за зголемување на болничките капацитети за лекување на пациентите од Ковид-19. Приоритет ќе се даде на Куманово и Струмица каде капацитетот е најкритичен, а потоа и Гевгелија и Струга.
Што се однесува до брзите тестови, има доволно. Со донациите на располагање се преку 100 илјади брзи тестови.
Во вчерашниот билтен на Министерството за здравство се регистрирани 1022 нови случаи на заболени од Ковид-19, починати се 41 лица, а оздравени се 680 пациенти.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка