Спорт плус
9. јуни 2017 - 16:52

ДП во атлетика ќе се одржи во Охрид

Во деновите на викендот во Охрид ќе се одржи Државното првенство на Македонија во атлетика за сениори-ки. Организатор на натпреварот е Атлетската федерација на Македонија, а во текот на двата дена ќе се одржат 17 дисциплини. Воедно натпреварот има изборен карактер за претстојното Европско екипно првенство – III лига кое ќе се одржи на 24-25.јуни во Марса, Малта.
Покрај ова натпреварување на 10.јуни (утре) во Тетевен, Бугарија ќе се одржи 9.то Балканско првенство во планинско трчање за сениори и сениорки и за младинци и младинки на кружна трка со должина од 4.300 метри. Во младинска категорија ќе се трчаат два круга, а во сениорска категорија три кругови. 
Македонија ќе ја претставуваат: Рената Соколовска (младинки), Андријана Поп Арсова (сениорки), Матеј Драгановски (младинци), Атанас Анчевски, Кокан Ајановски и Филип Симоновски (сениори).