Драгнеа: Можно е владата да ја повлече уредбата што предизвика масовни протести во Романија
Лидерот на романските вледеачки социјалдемократи, Ливиу Драгнеа, денеска изјави дека владата може да ја повлече уредбата што предизвика масовни протести и меѓународна осуда затоа што декриминализира одредени случаи на корупција, пренесуваат британските медиуми.
Драгнеа, кој ја поддржува политиката на владата, за романскиот ДЦ њуз рече дека ќе се сретне со раководството на партијата за да разговара за спорната уредба.
- Можно е дури да разговараме и за нејзино повлекување, доколку премиерот Сорин Гриндеану тоа го побара. Чувствувам дека не можам под контрола да го држам притисокот на регионалните организации кои на улиците на Букурешт носат милиони луѓе, рече тој и додаде дека не сака да гледа „Романци кои се борат против Романци или поделена Романија“.
Според него, заради сето ова тој одлучил да се сретне со коалициските партнери за да изнајдат решение.
Социјалдемократската партија (ПСД), заедно со АЛДЕ, има мнозинство во романскиот Парламент.
Премиерот Сорин Гриндеану, член на ПСД, претходно одби да ја повлече уредбата која се смета за најголемата закана за спроведување на реформите, откако Романија стана членка на ЕУ, во 2007 година.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација