Балкан
17. јуни 2017 - 21:28

Драма на автопатот: Пожарникарите речиси еден час не можеа да ја извадат мртвата жена од смачканиот автомобил

На магистралнот пат Вањево - Шабац во село Бранковина кај Ваљево загинаа две лица.

На самото место загинала Ивана К. (45) од Ивањица, додека на пат кон ваљевската болница од повредите здобиени во оваа несреќа загина Зоран Јовановиќ (49) од Ваљево.

Несреќата се случи денеска околу 17 часот кога дошло до директен судар на возило „киа“ и „фиат брава“. Тешката сообраќајка ја предизвикал возачот на „киата“ З.Ј. (46) од Ваљево. Тој се обидел за заврти и од неутрврдени причини поминал во спротивната лента и директно се судрил со „фиатот“ во кој биле Зоран и Ивана.

-Двата автомобили се потполно уништени. На самото место се гледа дека возачот на фиатот се обидел да го избегне возилото киа, кое поминало на спротивната лента, но не успеал. Итната помош, полициајта и пожарникарите брзо дошле на самото место, но им требале околу 45 минути за да ја извадат мртвата жена од смачканото возило. На несреќната жена делови од вратата и биле забодени по целото тело, и така настрадала на самото место. Возачот на другото возило бил во тешка состојба и давал знаци на живот, но починал набрзо, велчат очевиди.

Во оваа сообраќајка тешко е повреден и возачот на „фиатот“ Зоран Ш. (55) и лекарите се борат за неговиот живот.