Македонија
19. јуни 2018 - 10:57

Драма со среќен крај на планината Галичица

Вистинска драма се одвивала вчера на планината Галичица. Како што информираат од Мвр, вчера  во 18:05 часот во Секторот за внатрешни работи Охрид, Б.Т.(44) од Охрид пријавил дека истиот ден околу 16.00 часот телефонски се слушнал со неговите пријатели Г.А. и Р.Т. од с.Радолишта, струшко, кои му кажале дека се наоѓаат на планината Галичица, но дека не ја знаат точната локација. Возилото со кое биле, претходно го оставиле во с.Велестово.

Од тој момент до 21:00 часот лицата биле недостапни на своите мобилни телефони. Во 21:00 часот со лицата бил остварен телефонски контакт, а во 05:00 часот на 19.06.2018 година лицата биле пронајдени