Македонија
24. May 2017 - 11:49

Драма во Скопје: Млада девојка киднапирана во Драчево

На локалниот пат кон Драчево синоќа во 18 часот и 45 минути на мостот Маркова река, млада девојка била киднапирана од страна на поранешното момче. Полицијата информира дека се работи за 25-годишнатаШ.Т. од Скопје која ја пресретнал М.Р. од Студеничани со кој претходно била во врска. 

Момчето ја ставило насилно девојката во автомобил, ја малтретирало 40 минути, па ја оставило. По полноќ таа се упатила во болница каде и биле констатирани повеќе телесни повреди.

Причина за нападот најверојатно била претходна љубовна врска помеѓу неа и М.Р.

СВР-Скопје превзема мерки за целосно целосно расчистување на случајот.