Државната статистика пресмета 2,6% инфлација во септември – најголемо е поскапувањето на зеленчукот
2,6% инфлација во септември измери Државниот завод за статистика. Цените на мало се зголемиле за 3,3%
Според податоците од Државната статистика, кај ставката за храна и пијалаци која според Сојузот на Синдикати изнесува околу една третина од домашниот буџет за граѓаните, е порасната за 1,7%.
(ТЕЛОП 2023 vs 2024
Леб – пад за 1,3%
Зеленчук – раст за 7,5%
Шеќер, мед, чоколада – раст за 4,9%)
Кај храната, намалување има на цената на лебот за 1,3%. Најголемо поскапување има кај зеленчукот - 7,5% и чоколадите, шеќерот и медот - 4,9%.
(Телоп 2023 vs 2024
Кафе, чај, какао – раст за 9%
Безалкохолни пијалаци – 5,3%)
Значително покачување се бележи кај безалкохолните производи. Кафето, чајот и какаото годинава се поскапи за 9%, а безалкохолните пијалаци за 5,3%.
(Телоп 2023 vs 2024
Жестоки пијалаци – раст за 5,4%
Вино – раст за 6%
Пиво – пад за 0,5%)
Кај алкохолот, растот на цените е 2,1%.
(Телоп 2023 vs 2024)
Кирија – раст за 6,3%
Снабдување со вода – раст за 12,2%
Собирање на смет – раст за 10,3%
Струја – пад за 1%
Гас – пад за 3,3%
Горива – пад за 18%
Кај режиските трошоци сликата е разновидна. Киријата е поскапена за 6,3%. Раст на цените се бележи кај водоснабдувањето, но пад се бележи кај цената на електричната енергија за речиси 1%, кај гасот од 3,3%, а кај горивата од 18%.
На 24-ти месецов во сила стапи мерката „Помалку трошоци, повеќе за тебе“ со која властите очекуваат смирување на стапката на инфлација и стабилизирање на цените. Од Владата велат дека се задоволни од досегашната примена, но велат, некои од маркетите се однесуваат шпекулативно.
Синдикатот предупредува, само од почетокот на годината со растот на цените вредноста на минималната плата се намалила за околу 5.000 денари. За нив најважна е ставката за храна и пијалаци бидејќи најголем дел од парите кои ги заработуваат, граѓаните ги даваат токму за тоа.
Резултати донесените мерки очекуваат само ако нема привилегирани производители и трговци.
-Како законски решенија декларативно се добри решенија, но доколку не се применат до целост, доколку имплементацијата на овие законски решенија не оди до крај тогаш ќе остане само закон и правила на хартија. Инспекциските служби и оние кои се задолжени за оваа проблематика да се ангажираат и сите аномалии да ги отфрлат. Само така ќе има успех на она што значи законско решение или времени мерки кои се носат, вели Љупчо Радовски од ССМ.
Пазарните инспектори од воведувањето на есенската кошница направиле повеќе од 500 надзори. Напишани се повеќе од 30 казни од над 4,3 милиони денари за непочитување на владината мерка.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар