Македонија
14. March 2016 - 10:16

ДС: Матичната евиденција основа за бришење на непостоечките гласови

Демократскиот сојуз смета дека треба да има целосна соработка на државните институции со Државната изборна комисија за прочистување на Избирачкиот список, а за остранување на непостоечките гласачи предлага како основа да се земат матичните книги.

- Демократскиот сојуз предлага основа за отстранување на фантомските ново креирани гласачи, потоа двојните, тројните и други гласачи, гласачите кои гласат за тие што престојуваат во странство и ново увезените гласачи од странство, да бидат матичните книги кои се водат рачно (на родени, венчани, државјанство и умрени). Само со директните проверки во овие евиденции можат со сигурност да се потврдат сомневањата за кршење на изборните правила, се вели во соопштението.

Демократскиот сојуз бара ДИК да подготви и достави извештај до Собранието, извештај за резултатите од прочистување на Избирачкиот список, на проблемите со кои се соочува, на отпорите и опструкциите на кои наидува.