ДС: Матичната евиденција основа за бришење на непостоечките гласови
Демократскиот сојуз смета дека треба да има целосна соработка на државните институции со Државната изборна комисија за прочистување на Избирачкиот список, а за остранување на непостоечките гласачи предлага како основа да се земат матичните книги.
- Демократскиот сојуз предлага основа за отстранување на фантомските ново креирани гласачи, потоа двојните, тројните и други гласачи, гласачите кои гласат за тие што престојуваат во странство и ново увезените гласачи од странство, да бидат матичните книги кои се водат рачно (на родени, венчани, државјанство и умрени). Само со директните проверки во овие евиденции можат со сигурност да се потврдат сомневањата за кршење на изборните правила, се вели во соопштението.
Демократскиот сојуз бара ДИК да подготви и достави извештај до Собранието, извештај за резултатите од прочистување на Избирачкиот список, на проблемите со кои се соочува, на отпорите и опструкциите на кои наидува.
Ново на Сител
-
Граѓаните гласаат за седми претседател на државата
-
Изборните денови 24 април и 8 мај неработни за сите граѓани
-
Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
-
Американскиот Сенат одобри 95 милијарди долари помош за Украина, Израел и Тајван
-
Лични документи можат да се подигнат и денеска
-
Променливо облачно со сончеви периоди, на крајот на денот дожд
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор