Loading Video...
Кошарка
22. April 2019 - 16:42

Дуел за влез во првата АБА лига, МЗТ Скопје А. - Задар за само 50 денари

Утре во СЦ „Јане Сандански“  кошаркарите на МЗТ Скопје Аердором, се домаќин на Задар во вториот дуел од разигрувањето за влез во првата АБА лига. 
 
Аеродромци на првиот меч на гостински терен забележаа победа со 89-83, па доколку утре поред својата публика слават нов триумф, по едногодишна пауза сино-белите следната сезона ќе играа во поелитната конкуренција. 
 
Затоа од таборот на МЗТ очекуваат голема поддршка од трибините, па раководството реши, картите за овој меч да чинат симболични 50 денари. 
 
„Втор дуел од бараж серијата за влез во АБА лигата, во кој ќе се обидеме да дојдеме до клучната победа за враќање во јадранската елита. Ова дефинитивно е најважниот меч во досегашниот дел од сезоната во кој и тоа како ни е потребна помош од трибините. Затоа, дојдете во што поголем број да им дадете поддршка на избраниците на тренерот Кочов да го потврдат „брејкот“ од првиот меч во Хрватска. Билетите ќе се продаваат на денот на натпреварот по цена од 50 денари“, пишува во соопштението на МЗТ Скопје Аеродром, објавено на официјалната „Фејсбук„ страна на клубот. 
 
Почетокот на утрешниот дуел меѓу МЗТ Скопје А. и Задар е закажан за 18 часот.