Македонија
24. May 2018 - 16:04

Дуел: Заев бара поддршка за предлогот Илинденска, Мицкоски тврди дека преговорите капитулирале

Заев останува на предлогот Република Илинденска Македонија, Мицкоски обвинува дека владата на СДСМ ги урнисала преговарачките позиции и ја подготвува Македонија за капитулација во спорот за името.

Преговорите со Грција окупираа најголем дел од првиот лидерски ТВ дуел.

Премиерот Заев јавно го праша опозицискиот лидер што му пречи во последниот предлог

Мицкоски го обвини Заев за егзибиционизам во преговорите и јавно го праша зошто не го послушал неговиот совет на лидерската средба кога како што вели јасно му ставил на нзнаење дека со предлогот Илинденска Македонија ќе ги наруши преговарачките позиции а истиот Грција ќе го одбие.

Мицкоски уште еднаш ги повтори позициите на неговата партија дека нема да прифати промена на Уставот со цел промена на Уставното име.