Македонија
27. December 2019 - 19:51

ДУИ очекува успешна лидерска средба, но и почитување на мајскиот договор по изборите во април

12 април е датум кој консензуално беше утврден на лидерката средба и за негова промена би требало да има нова, вели лидерот на ДУИ Али Ахмети. Според него, ова била единствената прифатлива опција, а за се останато имало различни ставови помеѓу партиите.

Ахмети лично мисли дека најголема можност за технички премиер има актуелнито министер за внатрешни Оливер Спасовски, но се уште немале консултации во рамки на валдината коалиција. На утрешната средба со Мицкоски очекува да ги дознае и неговите предлози за министерски и заменички позиции од редовите на опозицијата.

Ахмети очекува по изборите да се почитува правилото за коалицирање на победник со победник, оти не сакал да се повтори 2006 година. Во 2016 кога ДУИ го прекрши ова правило според Ахмети, условите биле поинакви а преговорите траеле цел месец.

Лидерот на ДУИ очекува целосна имплементација на законот за употреба на јазиците и убеден е дека само обединети Македонците и Албанците во оваа земја може да ги остварат заедничките цели за напредок на земјата.