Македонија
5. јуни 2024 - 20:42

ДУИ славеше 22 години постоење

Пристигна, се поздрави со толпата симпатизери, одржа говор и си замина. Првиот човек на ДУИ на прославата на 22-годишнината од постоењето на партијата, немаше време за изјави за новинарите. Говорот за кој немаше обезбедено официјален превод на македонски јазик, го започна со набројување на сработените проекти во изминатите години. Пред присутните повторно прогласи двојна победи и порача дека ДУИ треба да биде дел од владата.

„ Мораме да престанеме со болните амбиции на политичката партија која не негираме дека има мандат да води со извршната власт, но нема мандат да прави селекции и да ги понижува Албанците во Република Северна Македонија, имаат толку крв албанците во РСМ колку да станат свои господари “.

ДУИ повикува на дијалог за да нема прекршување на Охридскиот рамковен договор.