Дваесетгодишник обвинет за тешки кражби
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против 20-годишник осомничен дека извршил продолжено кривично дело тешка кражба и едно кривично дело кражба. Како што соопшти ЈО, од 1 декември 2019 до 6 јануари 2020 година обвинетиот со умисла извршил пет временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на истото дело, притоа искористувајќи исти прилики и слични околности.
-Притоа обвинетиот 20-годишник провалил во четири куќи и во еден маркет во Шуто Оризари и одзел туѓи вредни предмети: мобилен телефон, телевизор, два персиски тепиха, кутии цигари и алати. Вкупната вредност на украдените предмети се проценува на околу 180.000 денари. Кривичното дело кражба, пак, обвинетиот го сторил на 29 ноември 2019 година, кога од џебот на јакната на едно оштетено лице одзел мобилен телефон вреден 45.000 денари со намера противправно да го присвои, соопшти Обвинителството.
Надлежниот јавен обвинител му предложи на Основниот кривичен суд Скопје да ја продолжи претходно определената мерка притвор за обвинетото лице затоа што постои опасност од бегство.
-На тоа упатува фактот дека се работи за лице кое не поседува лична карта за идентификација, нема постојана адреса на живеење, а претходно е осудувано за исто кривично дело, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Доживотен затвор за Усеин Р. кој со 42 убоди од нож ја уби Танкица Младеновска од Кочани
-
Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот
-
„Сакаме да јадеме нешто“: Илјадници патници заробени на аеродромот во Дубаи
-
Во поплавите во Пакистан и во Авганистан загинаа приближно 140 луѓе
-
Одреден притвор за заменик директорот на косовската полиција, останатите полицајци ослободени
-
Битолчанец со воздушна пушка од својот балкон пукал кон куче скитник
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж