Македонија
7. May 2017 - 16:23

Дваесетгодишно момче од Охрид го загуби животот во сообраќајна несреќа

20 годишно момче го загуби животот во тешката сообраќајна незгода која што се случи рано утрово во 05 часот на регионалниот пат Св.Наум-Охрид, во близина на Хидро биолошкиот завод во Охрид.

Неговите двајца  другари со тешки телесни повреди се префрлени во хируршкото оделение во општата болница каде се задржан на понатамошно лекување а друго лице а на истото оделение но со полесни повреди се наоѓа уште едно лице.

Трите лица возејќи се во возилото марка Опел Корса се движеле од Рача кон Охрид лицето кое го управувало автомобилот во еден момент изгубило контрола излетал на десната страна надвор од коловозот, удрил во ивичник од патот а потоа и во електричен столб. Од ударот, возилото се извртело и  повторно се вратило на коловозната лента.

На местото на сообраќајната незгода, извршен е увид во присуство на Јавен обвинител и полициски екипи од СВР Охрид кои дополнително треба да ги утврдат причините за овој немил настан.

Инаку сообраќајот за време на увидот беше пренасочен и се одвиваше по една сообраќајна лента.