Двајца анестезиолози од ГОБ „8 септември“ поднеле барање за отказ
Градската болница „8 септември“ во најголемиот ек на пандемијата со Ковид-19 останува без двајца анестезиолози од вкупно 13 кои одлучиле да ја напуштат ГОБ „8 септември“ и да заминат на работа во приватната болница „Систина“. Оваа информација ја потврди директорот на болницата Христијан Костов.
Анестезиолозите во петокот пуштиле барање за да им се потпише отказно решение до Костов, директорот на болницата ГОБ „8 септември“ која е позната како ковид центар и во која од почетокот на пандемијата па до сега се носат најтешките случаи.
Анестезиолозите управуваат со респираторите, а дневно во Градската општа болница „8 септември“ на респираторна машина се ставаат 8 или 9 пациенти заразени со корона вирус, кои се наоѓаат во најтешката фаза, дознава Фокус.
Ново на Сител
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд
-
Излезноста до 11 часот е 12.78 отсто
-
Платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала, измамен тетовец
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти