Свет
10. October 2017 - 14:32

Двајца пилоти загинаа при уривање на руски воен авион во Сирија

Руски воен авион Су-24 се урна при полетување денеска од воената база Хмејмим во Сирија. Пилотот и копилотот загинале во инцидентот.

Русија, покрај Иран, главниот воен сојузник на сириската армија и нејзините воздухопловни сили во северната сириска област Латакија беа клучен фактор во досегашните успеси на Башар ал Асад во крвавата граѓанска војна.

Русија во Сирија има 20-ина тактички бомбардери како што е Су-24, како и по 20-ина тешки бомбардери и ловци.