Македонија
1. November 2020 - 11:39

Двајца повредени откако 16-годишник управувајќи со возило удрил во ѕид

На 31.10.2020 во 23.20 часот нa ул. „Лазар Лазарески“ во Гостивар патничко моторно возило „БМВ“ управувано од 16-годишен малолетник од Гостивар, во кое како совозач бил И.Ј.(18) од Гостивар, удрило во ѕид.

По незгодата И.Ј. е пренесен во Медицински центар Гостивар каде од лекар му се констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Гостивар.