Македонија
3. March 2016 - 12:45

Двајца прилепчани тешко повредени, удириле во бетонски столб

Вчера во 03.00 часот во Прилеп на ул.„Карпалак“ се случила  сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Лада“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост и управувано од З.В. (47) од Прилеп, изгубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во бетонски столб.
 
Во незгодата З.В. и сопатникот Р.И. се здобиле со тешки телесни повреди.
 
Истите се задржани на понатамошно лекување во ОБ во Прилеп.