Македонија
6. October 2018 - 10:55

Двајца тетовци приведени - омаловажувале сообраќајни полицајци

Вчера во 22:50 часот во Тетово пред угостителски објект на улица „Борис Кидрич“ при извршување службени задачи од областа на сообраќајот, М.Б.(38) од Тетово кој бил заедно до Р.Џ. исто така од Тетово започнал да ги омаловажува и агресивно да се однесува кон полициските службеници.

Лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.