Македонија
20. February 2019 - 11:02

Две бомби од Првата светска војна пронајдени во Битола

Вчера на Булеварот 1-ви Мај во Битола, во близина на местото викано Црн Мост при изведување на градежни работи при ископ на земја биле пронајдени две артилериски гранати од Прва светска војна.

Како што соопшти МВР, гранатите биле безбедно подигнати од Дирекцијата за заштита и спасување.