Македонија
21. September 2020 - 11:38

Две деца пренесени во болница откако удрил автомобил во нив

На 20.09.2020 во 18.10 часот на локалниот пат кај с.Челопеци во Кичево, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од М.Ѓ.(73) од Кичево, удрило во двајца пешаци-малолетници од с.Челопеци, Кичевско.

По незгодата, тие биле пренесени во Медицински центар Кичево, при што кај едниот биле констатирани телесни повреди, а кај другиот тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево.