Две финалиња за Македонија: Андонов и Николов ќе се борат за злато на Светското во кикбокс

Македонските кикбоксери продолжуваат со одлични настапи на Светското првенство во Лидо ди Језоло, Италија, со обезбедени финалиња и нови медали за нашата репрезентација.
Томи Андонов забележа победа во полуфиналната борба и обезбеди пласман во големото финале, каде ќе се бори за златниот медал.
Успешен настап имаше и Глигор Николов, кој исто така славеше победа и обезбеди место во финалето. Македонскиот репрезентативец сега го очекува последната борба на патот кон светското злато.
Петар Лозановски го заврши настапот во полуфиналето. И покрај поразот, тој го освои бронзениот медал и донесе уште едно одличје за Македонија.
Победа забележа и Драгица Глигорова во дисциплината кик лајт. Со пласманот во полуфиналето таа веќе има обезбедено најмалку бронзен медал, а во следната борба ќе се обиде да стигне до финалето.
Македонската репрезентација така продолжува со успешните настапи на шампионатот, со две обезбедени финалиња и нови медали во колекцијата.







„Задоволен сум од досегашниот успех што го постигнаа сите наши натпреварувачи. Имаме две финалиња – Томи Андонов ќе се бори против претставник од Србија, а Глигор Николов против натпреварувач од Азербејџан.
Имаме и две полуфиналиња. Драгица Глигорова ќе се соочи со Италијанка, додека Калин Бабоски ќе се бори против претставник од Казахстан.
Морам да напоменам дека, според мене, неочекувани порази имаа Марија Димовска, Марко Баснарков, Туркер Исмаил и Андреј Смилевски. За жал, тие останаа без медали, иако беа меѓу фаворитите за злато. Но, во овој спорт е потребна и малку среќа, а важно е и да не бидете оштетени од судиските одлуки или повредени од противникот. Сето тоа е дел од кикбоксот.
Продолжуваме понатаму. Пред нас се две финалиња, две полуфиналиња, а веќе имаме и освоен бронзен медал. Веруваме во нашите натпреварувачи и се надеваме на уште медали за Македонија“, изјави Дејан Митровски – Урко.
Ново на Сител
-

Обид за нов рекорд во пештерата Врело: Спелеонуркачи ќе истражуваат длабочини над 300 метри
-

Санкционирани 128 возачи, од кои 102 за брзо возење во акциска контрола во Скопје
-

Нови напади во Црното Море: Потона брод кај Бугарија, Радев најави разговор со НАТО
-

Франција: Околу 200 училишта затворени поради протестите на средношколците
-

ММФ ја зголеми прогнозата за раст на македонската економија на 3,5% за 2026 година
-

Трамп не верува дека Кина и Русија му помагаат на Иран
-

Асистенција и црвен картон за Елмас во победата на Аталанта над Венеција
-

Трибина посветена на декларацијата за безбедност при работа на здравствените работници
