-->
-->
Две камери го снимиле убиството на Оливер Ивановиќ?
-->
Како што пишува српскиот Блиц, на партиските простории имало две камери за видео надзор кои, најверојатно го забележале моментот кога е убиен Оливер Ивановиќ, лидерот на Граѓанската иницијатива СДП во Косовска Митровица, кој утринава беше застрелан од непознати лица, по што почина во болница.
Ивановиќ се сметаше за умерен лидер на косовските Срби, а атентатот врз него најверојатно ќе има негативни последици врз односите на Белград и Приштина, како и врз состојбата во Косово.
Близу партиските простории пред кои е убиен, на нешто повеќе од еден километар, полицијата го пронашла запаленото визло „опел астра“ со кое убиецот најверојатно, се одалечил во непознат правец.
Според пишувањата на Блиц, полицијата се уште ги утврдува мотивите поради кои Ивановиќ бил ликвидиран. Она што се знае е дека во него биле испукани пет куршуми.
Односите помеѓу Србија и Косово повторно „вријат“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вработените во културните институции преку протести си ја бараат изработената плата и покачувањето кое им следува
-
Протест на вработените во „Водовод“ - си ја бараат мартовската плата
-
Ракетен напад во Иран
-
Преглед на вестите од светот
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците