Македонија
18. August 2019 - 10:49

Две лица каснати од кучиња скитници во Скопје

Синоќа во 22,00 часот во Полициската Карпош М.Т.(74) пријавил дека на улицата “Бранислав Нушиќ“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.

Претходно вечерта во 20,50 часот во Полициската станица Центар А.Г.(35) од Скопје, пријавила дека на булеварот “Македонија“ била касната од куче скитник во пределот на левата потколеница.