Македонија
29. July 2017 - 17:26

Две лица пронајдени мртви во Кочани, истрагата води кон љубовна драма со трагичен крај

Крвава љубовна драма во Кочани. 42 годишен скопјанец пукал во главата на својата 25 годишна девојка од пробиштип а потоа и сам се застрелал. Синоќа околу 19 часот биле пронајдени безживотните тела на мажот и девојката.

Според информациите на министерството за внатрешни работи, случајот во кочанската полиција го пријавил 28 годишен жител на селото теранци кој привремено живеел на улицата александар македонски во кочани а во истата куќа потстанар била и 25 годишната девојка.

Од МВР информираат дека на местото увид направиле јавен обвинител и екипа на полициската станица од Кочани. Лекар од штипскиот медицински центар пак констатирал дека починатите имаат прострелни рани во пределот на главите. Покрај безживотните тела, полицијата пронашла автоматска пушка марка „црвена застава“ со која најверојатно е извршено убиството и самоубиството, а во просторијата биле пронајдени и неколку чаури од куршуми.

Од МВР велат дека оружјето и други пронајдени предмети се земени за вештачење кое треба да го расфетли случајот.

Од министерството за внатрешни работи денеска не сакаа да говорат што открила првичната анализиза и кои се причините за крвавиот крај на љубовната врска меѓу 42 годишниот скопјанец и 25 годишната девојка од пробиштип. Велат дека одлучиле до завршување на целосната истрага да не откриваат дополнителни информации за случајот.

Инаку по наредба на јавниот обвинител од основното јавно обвинителство во кочани, телата на починатите се предадени за обдукција во кочанскиот медицински центар.