Македонија
1. September 2015 - 9:57

Две лица пронајдени застрелани во автомобил кај Долно Количани

Две машки лица со прострелни рани се пронајдени синоќа околу 19 часот во патничко моторно возило „Ровер 75“ со охридски регистарски таблици во нива кај село Долно Количани, на патот кон село Драчево.

Како што за МИА потврдија од МВР, јавен обвинител и полициски службеници на местото извршиле увид, при што е пронајден еден пиштол. Телата на двете машки лица ќе бидат предадени за обдукција. 

Засега е идентификуван возачот на „Роверот“ Светислав Р. (1987) од Кичево, кој вчера бил пријавен и за исчезнат, а се работи на идентификување и на второто лице пронајдено со прострелни рани во автомобилот.

Според првичните сознанија, најверојатно се работи за убиство и за самоубиство