Свет
15. January 2020 - 19:14

Две лица загинаа, осуммина повредени во експлозија во хемиска фабрика во Шпанија

Болничарите од Итната помош пронајдоа безживотно тело во петрохемиски погон во североисточна Шпанија, со што бројот на загинати во големата експлозија се зголеми на две лица, додека осуммина се повредени.

Голема метална плоча, која од експлозијата во хемиската фабрика била исфрлена во воздух, уби човек кој се наоѓал на три километри од фабриката. Тој се наоѓал во својот стан, кога плочата со тежина од околу еден тон ја погодила неговата зграда, по што дел од објектот се урнал.

Властите ја истражуваат причината за хемиската несреќа во просториите на производителот на хемикалии Икоча.

Во експлозијата се повредени осум лица кои работеле таму, соопштија официјалните лица.

Главниот извршен директор на Икокос, Луис Морланес, изјави дека експлозијата се случила во резервоар од 20 тони етилен оксид во дел од фабриката што нема никакви проблеми откако е изградена во 2017 година. Морланес рече дека компанијата ја испитува причината за експлозијата, но дека нејзините инспектори не биле во можност да го дoјдат до местото додека пожарникарите сè уште работат.

Регионалните пожарникари соопштија дека околу 30 работници се бореле со пожарот во текот на ноќта, кој денеска е ставен под контрола.