-->
-->
Две лица загинаа при уривање на холандски воен хеликоптер
-->
Две лица загинаа при уривање на холандски воен хеликоптер во Карипско Море, во близина на Аруба, соопшти денеска холандското Министерство за одбрана.
Хеликоптер NH90 се урна шри крајот на редовното патролирање, а Министерството соопшти дека се истражува причината за падот на леталото.
Загинале пилотот и тактичкиот координатор, а другите двајца членови на екипажот преживеале без посериозни повреди.
Спасувачки бродови се обидуваат да ги пронајдат остатоците од хеликоптерот и црната кутија.
Сите хеликоптери од овој тип се повлечени од употреба додека трае истрагата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен поранешниот директор на затворот Шутка, Филип Андов-Сокол
-
Пратенички прашања во Собранието
-
400 милиони денари за Општина Штип од вториот повик за пари од унгарскиот кредит
-
Започнаа карневалските денови во Струмица
-
Недостигаат археолози и кустоси
-
Преглед на вестите од светот
-
Првиот сведок на Палчо: Полицијата го тепаше Видевски за да ги признае убиствата на Вања и Панче
-
Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на државата