Македонија
22. October 2020 - 15:06

Две наставнички и 15 деца во изолација, рекордни 54 случаи позитивни на коронавирус во Тиквешко

 Две наставнички и 15 деца од кавадаречко училиште се во изолација, откако седумгодишен ученик добил позитивен резултат на Ковид-19 тест. Информацијата за МИА ја потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Тој додаде дека изминатото деноноќие регистрирани се рекордни 54 случаи позитивни на коронавирус во Тиквешко.

– Од новозаболените, 40 лица се од Кавадарци, 13 од Неготино и едно од Демир Капија. Второодделенец е меѓу новите случаи, со себе во изолација стави и две наставнички, како и 15 деца. Извршена е дезинфекција во кавадаречкото училиште, нагласи Јовановски.

Додаде дека се работи на утврдување на нивните контакти, со цел да се изолираат.