Македонија
26. April 2020 - 16:51

Две третини од заболените од Ковид-19 во Штип се излекувани - 4 дена нема нов заболен

Во Штип состојбата со корона кризата се става под контрола. Скоро 2/3 од вкупно 34 евидентирани или 20 пациенти се излекувани, односно имале по два негативни теста едно по друго. Двајца ја изгубија битката со корона вирусот.Од Центарот за јавно здравје информираат дека ги очекуваат резултатите за втор негативен тест за 8 пациенти. Доколку се негативизирани, тогаш во Штип ќе има само 4 активни случаи позитивни на Ковид 19-стенд ап

Сите 12 пациенти се лекувааат во домашни услови. На инфективното одделение во штипска клиничка се хоспитализирани двајца пациенти со средна  клиничка слика. Едниот е од Пробиштип, а вториот е здравствениот работник од итната медицинска помош од Пехчево. Бидејќи, работите почнуваат да се движат кон нормален тек, општинарите од утре се враќаат на работа со полно работно време, а јавните претпријатија продолжуваат со реализација на тековните проекти.