Две училишта во близина на Нотр-Дам затворени поради присуство на олово
Две училишта во центарот на Париз, кои во текот на летото прифаќаат околу 180 деца како дел од рекреативниот летен центар, по одлука на градот Париз беа затворени во четвртокот поради високата концентрација на олово, јавува дописникот на МИА.
Двете училишта, забавиште и основно, се наоѓаат на улицата Сант Беноа, во 6-тиот ароднисман.
–Тие беа затворени како мерка на претпазливост, се вели од градот Париз. Пожарот од катедралата Нотр-Дам на 15 април доведе до топење на неколку стотици тони олово, кое се наоѓаше на покривот.
Регионалната здравствена агенција од своја страна повика на имплементација на нови мерки кога тие беа идентификувани надвор од нивоата над референцата од 5.000 микрограми олово по м2. Меѓутоа, во училиштето Сант-Беноа, новите анализи откриваат, на игралиштата, а не во внатрешноста на зградата, „површински концентрации на олово во прав над референтните вредности“, сoоошти градот Париз .
По чистењето, мора да се земат нови примероци и резултатите се очекуваат во петок. Децата од летните центри мора да бидат сместени на други места за време на затворањето.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација