Македонија
28. May 2020 - 19:38

Две здруженија на Македонците од Бугарија го добија спорот во судот во Стразбур

Македонцте во Бугарија ќе можат да ги формираат здруженијата кои ги штитат македонските интереси и права во земјата. Судот во Стразбур пресуди во нивна корист. Дополнително Бугарија ќе треба да плати и оштета во висина од 7, 5  илјади евра и тоа во рок од три месеци. 

Според Макиновски Бугарија е под засилен мониторинг на советот на Европа и ако не ги испочитува пресудите и одби да ги регистрира здруженијата може да биде исклучена од советот.

Со денешната пресуда на судот за човекови права Македонците во Бугарија завршија спор кој се води уште од 2013. Ова не е единствен добиен спор на здриженијата на Македонци со официјална Софија  во Стразбур. ОМО  Илинден - Пирин и покрај неколку добиени пресуди во судот за човекови права не може да се регистрира како партија на Македонците и да учествува на избори бидејќи Бугарија постојано ги менува усовите.