Џет-Сет
15. April 2016 - 17:54

Двојник на Метју Мекконахи од пред сто години

Метју Мекконахи последниве денови се најде во центарот на вниманието, но не поради некоја нова улога или скандал, туку поради негов „двојник“.

Имено, еден од многубројните корисници на славниот Редит објави фотографија на неговиот пра-прадедо кој изгледа идентично како и славниот Оскаровец.

Острите црти на лицето и мустаците, целосно потсетуваат на ликот што Метју го одигра во филмот „Dallas Buyers Club“, за што освои Оскар.

Фотографијата, која со денови се шири низ интернет, предизвика голем број забавни коментари.

Името на господинот на црно-белата фотографија не е обелоденето, но веруваме дека ни тој немал проблеми кај припадничките на понежниот пол, како ни Метју.