Македонија
1. September 2015 - 16:41

Двојно убиство во Долно Количани

Со прострели рани во главата биле пронајдени во автомобил Ровер на патот Драчево-Долно Количани. Страшна била сликата кај месноста Локва каде случаен минувач ги открил безживотните тела на двајца мажи кои лежеле во автомобилот. Неофицијално истрагата води кон убиство и самоубиство.

Според полицијата едното лице е 28 годишен жител на Кичево, додека идентитетот на второто лице допрва се утврдува.

Од МВР велат дека Светислав чиј идентитет е познат пред два дена од својот брат бил пријавен во полиција како исчезнат.