Свет
3. February 2016 - 20:13

Џеб Буш пред повлекување од трката за републиканската претседателска номинација

Поранешниот гувернер на Флорида Џеб Буш е на прагот да се повлече од трката за номинација на Републиканската партија за претседателските избори во САД, во ноември оваа година.

Пред почетокоот на оваа претседателска кампања, најмладиот од семејството Буш, важеше за еден од главните играчи во тркатата за номинација, па се типуваше на пресметката Буш - (Хилари) Клинтон, за Белата куќа. Но, освен на стартот на кампањата во јуни минатата година, попопуларноста на поранешниот успешен гувернер во два мандат, постојано се намалуваше.

По второто мерење на рејтингот на сите тогашни 15 претенденти за номинација кај републиканците, Буш почна да засостанува, прво зад милијардерот од Њујорк, Доналд Трамп и зад поранешниот неврохирург, Бен Карсон, кои важеа за „аматери“ во америкнскта политиката.

Подоцна, Буш заостана и зад сенаторот од Тексас, Тед Круз, како и зад сенаторот од Флорида, Марко Рубио, па на првото партиско гласање во Ајова, кое се означува како силен барометар за позицијата на кандидатите, тој се најде на шестото место, добивајќи само нешто над три отсто од гласовите на републиканските гласачи.

Според американските аналитичари, на Буш сега му претстои гласањето во Њу Хемпширм кое за него претставува „последна шанса“ пред елиминацијата од изборниот процес.

За Џеб Буш, но и за гувернерите на Њу Џерси и на Охајо, Крис Кристи и Џон Касич, останува да се види каков рејтинг ќе имаат кај гласчите во една конзервативна сојузна држава, каква што е Њу Хемпшир.

Аналитичарите сметаат дека Буш овде треба да се пресмета со Рубио, кој иако беше трет во Ајова, по гласањето делува многу поенергично од Круз, иако тој успеа да му нанесе прв пораз на досега неприкосновениот Доналд Трамп.

Проценката е дека ако Буш, не успее да го запре растот на рејтингот на Марко Рубио, ќе му останат сосема мали шанси на конвенцијата во јули да може да ја добие довербата на републиканците за да биде нивни кандидат на претседателските избори.

Се веруваше дека Буш, како син и брат на двајца поранешни претседатели, може да се избори за челната позиција кај републиканците, особено што тој е оженет за Мексиканка и го говори шпанскиот јазик, па може да смета на силната и бројна латиноамериканска етничка заедница во САД.

Во оваа трка тој, сепак, не е сам, зашто против себе ги има како конкуренти Рубио, кој е дете на кубански имигранти, како и Тед Круз, чиј татко е Кубанец. Во досегашната кампања, тие двајцата дејствуваат од подесно определени политички позиции, отколку Џеб Буш.