Кошарка
24. January 2022 - 9:04

Џејмс: Сега е еден од најдобрите периоди во мојата кариера во однос на офанзивната игра

Кошаркарот на Лос Анџелс лејкерс, Леброн Џејмс изјави дека не е загрижен поради значителниот товар што паѓа врз него за време на офанзивната игра на тимот.

Во поразот од Мајами со 107:113 ноќеска на гостински терен, 37-годишниот Џејмс имаше 33 поени. Ова е негов 17 последователен натпревар со 26 или повеќе поени и 11 скока.

– Сега е еден од најдобрите моменти во мојата кариера во однос на нападот, нема да престанам. Се чувствувам одлично. Не излегувам на теренот со цел да постигнам 30 поени, се сЕ случува спонтано. Сезонава успевам да напаѓам со висока ефикасност и од поле и од рекет. Премногу оптоварување? Еднаш одамна дојдов да го спасам целиот клуб на 18 години, така што не гледам проблем, изјави Леброн Џејмс.

Првата ѕвезда на Лејкерс и еден од најдобрите кошаркари во НБА-лигата, во тековната сезона има просек од 29 поени по натпревар.