Балкан
6. July 2021 - 10:37

Џерлек: Не знам што чекаат луѓето кои што не се вакцинирани, четвртиот бран на КОВИД-19 може да дојде и пред есента

Генералниот секретар во Министерството за здравство, Мирсад Џерлек, денес изјави дека четвртиот бран на коронавирусот може да дојде во Србија дури и пред есента.

Џерлек смета дека граѓаните на Србија се „претерано опуштени“ и дека мнозинството верува дека короната е минато, а таа сè уште е таму.

„Имаше успорување на вакцинацијата, вчера дојдовме до 2.730.000 вакцинирани со прва доза и 2.590.000 со втора доза, и тоа сè уште не е доволно за да се релаксираме, бидејќи со тој број на вакцинирани не можеме да очекуваме мирна есен“, изјави тој за ТВ Пинк .

Според него, ккороната може да се победи само со вакцинација.

„Важно е вакцините да бидат безбедни и не разбирам што луѓето чекаат. Луѓето ќе влезат во сериозна ситуација, а потоа ќе биде доцна“, рече Џерлек, додавајќи дека 99% од хоспитализираните во Србија биле не вакцинирани.

На прашањето дали треба да се воведе задолжителна вакцинација, тој вели „сигурено дека би било добро“, бидејќи во спротивно луѓето нема да бидат вакцинирани.