Фудбал
29. July 2019 - 11:20

Џиангсу избраа Хрват пред Герет Бејл

Тимот на Џиангсу Сунинг од кинеската Супер лига го привлече хрватскиот напаѓач Иван Сантини од екипата на Андерлехт.

Трансферот на Сантини значи сигурно дека клубот нема да го земе крилото на Реал Мадрид, Герет Бејл, бидејќи веќе има пет странци во својот состав.

Според правилата на лигата, секој клуб може да користи до четири спортисти родени надвор од Кина. Од таа причина, Џиангсу се очекува да се раздели со италијанскиот интернационалец Габриел Палета, чие место ќе го заземе Сантини.

Прозорецот за трансфери во Кина се затвора во среда, а договорот за Бејл, кој се сметаше за сигурен, пропадна во последен момент.