Свет
3. August 2016 - 17:30

Џихадистите се изживуваат над мртвите руски војници

Рускиот хеликоптер кој пренесувал хуманитарна помош за граѓаните во сирискиот град Алепо, беше соборен од страна на џихадистите.

Руското министерство за одбрана за кратко време потврди дека е соборен транспортен хеликоптер на руската армија, но од министерството не ги открија деталите, односно имињата на екипажот кој броел 5 члена.

sirija-ru2

sirija-ru3
Убивањето на војниците кои што пренесувале хуманитарна помош не им било доволно на џихадистите, па тие ги објавија своите ѕверства на социјалните мрежи, односно се појавија фотографии и видеа од нивното изживување над загинатите војници.

sirija-ru1
На фотографиите подолу може да се видат икони и лични документи од загинатите, меѓу кои има и една жена, а исто така, може да се види како џихадистите влечат тело на еден мртов војник.