Џет-Сет
22. August 2015 - 12:27

Џин Симонс под истрага поради детска порнографија

Фронтменот и басист на групата „Кис“ Џин Симонс, деновиве ги полни насловните страници на американските таблоиди поради истрагата за детска порнографија.

Припадниците на одделението на полицијата кое истражува интернет криминал имале налог за претрес на неговата куќа во Лос Анџелес. Прегледани се сите уреди кои можат да имаат проблематична соодржина.

Подоцна, полицијата соопшти дека со истрагата е утврдено дека пронајдениот недозволен материја, кој натаму е споделуван е од ИП адресата на славниот рокер, но и дека Симонс и членовите на неговото семејство не се третирани како осомничени/

Сопругата На Џин, на Твитер и се заблагодари на полицијата за соработката. - Џин беше на турнеја, ниту јас не бев дома. Соработуваме со полицијата за да утврдиме како нашата адреса е вмешана во ова грозно злосторство, напиша Шенон на Твитер.