Џет-Сет
26. November 2020 - 11:18

Џони Деп го изгуби спорот за клевета со британски „Сан“ и ќе треба да плати 840.000 долари судски трошоци

По изгубениот судски спор за клевета против британскиот таблоид „Сан“, Џони Деп ќе треба на компанијата „Њуз груп њуспејперс“ да и исплати 840.000 долари за судски трошоци.

Судот минатиот месец одлучи дека називот „сопруготепач“ на медиумот, упатен кон глумецот, е вистина и не е навреда. Освен тоа, Деп го изгуби и правото на жалба по пресудата.

Уште повеќе, Џони Деп беше отпуштен од филмот во најава „Фантастични ѕверки 3“, каде што требаше да ја повтори улогата од вториот дел. Се говори дека ќе го замени данскиот глумец Мадс Микелсен. Филмот е во фаза на подготовки и е најавен за 2022 година.

Деп годинава се појави во драмата „Минамата“, и засега нема идни филмски ангажмани.