Џонсон: Доколку не ги добиеме изборите Брегзит тешко ќе се спроведе
Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека ќе биде „многу тешко“ Брегзит да се спроведе доколку неговата владејачка Конзервативна партија не успее да освои мнозинство во новиот парламент, што ќе биде формиран по изборите на 12 декември, пишува британскиот либерален весник „Гардиан“.
Запрашан дали има „план Б“ за спроведување на Брегзит, во случај да не успее да си обезбеди мнозинство по изјаснувањето на граѓаните, тој кажа дека нема алтернатива на активен парламент со ториевците на негово чело.
Освен тоа, Џонсон кажа и дека опозицискиот лидер Џереми Корбин поддржувал терористички групи, како „Хамас“ и „Ирската републиканска армија“ (ИРА).
-Доколку се сомневате во мене видете што кажува неговиот портпарол за здравствени прашања, Џон Ашворт. Тој самиот кажа дека смета дека неговиот лидер е безбедносен ризик, рече Џонсон.
Ново на Сител
-
Повеќе скопски општини без струја
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош